
Казнените мерки се преземени како одговор на нуклеарната проба, извршена од Северна Кореја на 6 јануари и истрелувањето на балистичката ракета од изолираната комунистичка земја на 7 февруари.
– Санкциите се во согласност со нашите неодамнешни заложби да извршиме траен притисок врз севернокорејскит режим, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.
Тој нагласи дека САД и меѓународната заедница нема да ги прифатат незаконските нуклеарни и балистички активности на Северна Кореја и ќе продолжат да ја принудуваат да ја плаќа цената, се додека не почне да ги исполнува своите меѓународни должности.
Согласно новите санкции САД го замразнаа имотот и инвестициите на режимот на Северна Кореја и владејачката Корејска работничка партија под нивна јурисдикција, јави ТАСС. САД воведоа и забрана за склучување одредени зделки од Северна Кореја.