
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште, патот е се уште во прекин во двата правци.
Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола, информираат утрово од Автомото сојузот на Македонија.
Општинскиот пат село Долни Полог – село Облешево, пред Кочанска река, е во прекин поради прекопан коловоз, каде е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
На патниот правец Марвинци – Балинци – Брајковци, под надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Од АМСМ препорачуваат користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Магла со видливост до 50 метри има на Стража.