Променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец не очекува во текот на денешниот ден.
Кон крајот на денот и во ноќните часови облачноста ќе се намали. Температура ќе се движи од три до 12 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Температурата ќе достигне до 11 степени.
Во наредните денови ќе биде стабилно и суво освен во петок попладне кога во југозападните делови ќе има услови за развој на конвективна облачност со локален дожд. Утринските температури и понатаму ќе се задржат околу нулата, а дневните ќе бидат во пораст.