
Во СВР-Куманово вчера во 17:30 часот се јавил мигрант и на англиски јазик пријавил дека во куќа во Ваксинце бил физички нападнат од непознато лице во пределот на главата кое му барало пари. Мигрантот побегнал, а неговото семејство останало во куќата.
Полициски службеници од СВР-Куманово и РЦ-Север извршиле разговор со пријавителот, но не било констатирано дека е нападнат.
Полициските службеници во напуштената куќа во селото пронашле 77 мигранти од Пакистан, Сирија и Авганистан, кои ноќеска во 00:30 часот се пренесени до Транзитен центар-Гевгелија, соопшти МВР.