Груевски: Претседателите на ДИК од СДСМ немаа никаков проблем со избирачкиот список

СДСМ е во хаос и сака да си создаде алиби за поразот кој ги очекува. Сака да направи привид меѓу граѓаните дека којзнае што се случува со списоците, вели лидерот на владејачката партија, Никола Груевски.

Со оние списоци со кои во минатото и ВМРО-ДПМНЕ победуваше и СДСМ победуваше и никому тогаш не му пречеше тоа. Со оние исти списоци со кои во последните 8 години нивниот претседател на Државна изборна комисија немаше никаков проблем. Тие имаа 5 претседатели на ДИК и никој од нив немаше проблем со списоците. Сега дојде време бидејќи ги чека таков пораз, после такви година ипол што и приредија на земјата и на граѓаните што не знаат како да излезат со целата оваа работа, рече Груевски.