
Една осигурителна компанија од Нов Зеланд понуди на интернет аукција „Ламборџини Хурикејн“ од 2015-тата година, а почетната цена е само 1 долар.
Секако и во овој случај има финта: Овој автомобил вреден половина милион долари е отпишан по сообраќајната несреќа.
„Ламборџинито“ е толку многу уништено што не е можно да се поправи, а компанијата преку интернет се обидува да извлече барем дел од парите.
Врз основа на фотографиите што ги објавиле може да се заклучи дека 5, 2 литарскиот V10 мотор не е уништен, па се ретпоставува дека овој автомобил до крајот на аукцијата (30-ти март) ќе достигне цена од 100.000 долари.