
Откако сите заклучиле дека бројките на СДСМ за наводни фантомски гласачи се нереални и на ниту еден начин не може да се докажат и заосноваат на факти, тие започнале да лицитираат со бројки со цел да биде бројката на гласачи која сакаат да ги проверат поголема и СДСМ да се извлече од кашата во која се најде, пишува „Курир“ повикувајќи се на сопствени информации.
Порталот нагласува дека, од друга страна нечуено и досега невидено е нешто што треба да биде предмет на математичка операција да се лицитира и да биде предмет на политички договор.
Тоа познавачите велат е невиден апсурд, исто како да треба да соберете еден плус еден, и наместо да кажете дека се два, вие да толкувате дека сите треба да замолчат пред вистината и да кажат дека се три. Тоа е невиден преседан, коментираат експертите. На ова му претходеше студен туш за членовите на СДСМ во ДИК откако по превземените проверки се утврдило дека бројката на гласачи е најмалку 4 ипол пати помала од тоа што тврдеа во јавноста. Тоа резултирало и со давање на непристоен предлог кон Албанците во ДИК. Непристојниот предлог на СДСМ бил Албанците да гласаат за предлогот на СДСМ иако тој бил целосно неиздржан, а за возрат членовите на СДСМ во ДИК да поддржат да нема проверки кај гласачите Албанци каде не се поклопуваат податоците, што во основа е дискриминаторски и незаконски предлог, пишува „Курир“.
За упатените ова е јасен доказ за подлоста и некоректноста на игрите на СДСМ.