СКАНДАЛ: Јанева избега и не дојде пред Собранието

Специјалната обвинителка Катица Јанева откако во петокот не се појави во Советот на обвинители каде на дневен ред беше разгледувањето на извештајот за нејзината работа, денеска не се појави ниту во Законодавниот дом, каде во 11 часот требаше да го брани својот извештај пред Собраниска комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците закажано е разгледување на извештајот од сработеното на Специјалното обвинителство во изминатите шест месеци. Седницата е закажана за во 11 часот, а на неа според последните информации не се појави Kатица Jанева.

Исто така, минатата недела Jанева не се појави ниту во Советот на јавни обвинители, па претседателот Петар Аневски рече дека ја одложиле седницата бидејќи имале нејаснотии во извештајот, што морало лично Јанева да ги образложи. Аневски во петокот јавно ја покани Јанева да дојде на седницата на Советот на обвинители закажана за 23 март.

-И овој пат Јанева покажа непочитување спрема СЈО, како и претходно кога ги запираше јавните обвинители да дадат свечена изјава. Ова неколку пати и се повторува и се надевам дека во среда ќе биде присутна и ќе може да ни одговори на прашањата. Тоа е нејзина должност, рече Аневски и додаде дека став на Советот е на презентацијата на годишните извештаи да бидат присутните првите луѓе на обвинителствата.

Аневски рече дека во Извештајот што Јанева го доставила до СЈО има доста нејасностии и оти членовите исто така се интересирале за одредени проблеми кои не се наведени.

Со својот однос и денешното непојавување пред собраниска комисија Јанева  повторно покажа целосно непочитување на законите и на институциите во Република Македонија, однесувајќи се крајно лицемерно.  Таа најави дека ќе биде транспарентна, а се однесува крајно нетранспарентно докажувајќи го нејзиниот непрофесионализам.

Јанева бега од одговори кои и ги должи на македонската јавност. Таа бега од одговорноста да одговара пред органот кој ја избира и пред Законодавниот дом, што е уште еден срамен чекор на обвинителката.

Лицемерието се гледа по фактот дека во самиот извештај таа си се пофали дека работи транспарентно.