
Градот Скопје денеска традиционално го одбележа првиот ден на пролетта со акција за чистење на вториот дел од Градскиот парк, како дел од манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“. Целта на оваа акција беше да се поттикне грижата за животната средина кај граѓаните на Скопје и да се даде пример како да се грижиме за средината во којашто живееме.
За таа цел, денеска во вториот дел од Градскиот парк, во близина на Луна-паркот, 150 ученици од 5 средни училишта на Град Скопје (СУГС „Јосип Броз Тито, СУГС „Никола Карев“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Здравко Цветковски“ и СУГС „Георги Димитров“) ги чистеа отпадоците од јавните зелени површини.
Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ се чистеше езерцето во вториот дел на Градкиот парк, со помош на чамец.

Штитениците на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“, пак, засадија цвеќиња и се вклучија во расчистувањето на зеленилото