
Претставата „Пинокио“ во која актери се деца и младинци со Даунов синдром е втора самостојна продукција на ова здружение, како резултат на волонтерските напори на родителите, по претставата „Во светот на бајките“ која беше изведена во „Тетарот за деца и младинци“ во 2014 година.
Здружението има за цел во своите активности да вклучи што поголем број лица со Даунов сиднром, со цел да го разбуди ентузијазмот и да ги мотивира и оние лица со навидум помали потенцијали. Мотото на ова здружение е – Сите можеме, ако се трудиме и ако сакаме!