
Обвинителството побара казна од 23 години затвор, а пресудата се очекува утре.
Триесет и четиригодишната Савченко се борешр на страната на украинските доброволци против проруските сили во источниот дел на Украина, каде е заробена во јуни 2014 година.
Руските власти сметаат дека Савченко давала координати за нападот во кој загинаа двајца новинари и неколкумина цивили.
Украинската Влада упати критики поради нејзиното апсење, а САД и ЕУ побараа од Москва веднаш да ја ослободи Савченко.