
Утрово во 06,10 часот од страна на доктор од Итната медицинска помош, телефонски во Полициската станица – Неготино пријавено е дека е пронајдено 76- годишно лице од Неготино во безсознание, кое е пренесено во Медицински центар Кавадарци, каде од страна на лекарските служби е констатирана смрт, соопшти Стојковска.
Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, пишува МИА а извршен е увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.