СЈО лаже – ја примиле поканата од Собрание!

СЈО излажа дека немале добиено никаква официјална покана за присуство на Катица Јанева на седницата на Комисијата за политички систем каде требаше да се разгледува Извештајот за работата на СЈО.

SJO SJO1

Ова се официјални докази од евиденцијата за пратени и примени покани од архивата на Собранието на Република Македонија каде се гледа дека Катица Јанева ја примила поканата за денешната седница, но ја примила и поканата за закажаната утрешна седница на Комисијата за политички систем во Собранието на Република Македонија.

Со оваа нова лага, СЈО продолжува со намерата максимално да го дискредитира Собранието на Република Македонија и да избега од давање на отчет и одговори за својата работа пред пратениците и македонската јавност.