
Европската комисија ги повика вработените да останат дома или на работните места, по денешнте експлозии на аеродромот Завентем во Брисел и експлозијата на метро станицата во Малбек, недалеку од европските институции.
Институциите на ЕУ работат заедно за да осигураат безбедност на персоналот и просториите. Ве молиме да останете дома или во зградите, објави на Твитер, Кристалина Георгиева, еврокомесар за буџет, која е задолжена и за безбедносни прашања.
Претседателот на Европскиот Парламент Мартин Шулц на Твитер ги осуди нападите и ги повика граѓаните да останат дома или на работните места.
Зградите на Владата и на Парламентот на Белгија во Брисел се евакуирани.
Како што јавија локални медиуми тунелите во Брисел се затворени за сообраќај на возила, што е дел од мерките преземени од полицијата, по експлозиите на аеродромот.
Белгиското обвинителство веќе потврди за 13 загинати и 35 ранети во експлозиите во терористичкиот напад на аеродромот.