
Тешка кражба се случила во куќа во скопската населба Бутел.
Од куќата на улицата „Хо Ши Мин“, која е во сопственост на шеесет и тригодишниот Ј.Д. биле украдени пари, златен накит и часовници во вкупна вредност од околу 100 илјади евра.
Непознат сторител одзел 50.000 евра, 5.000 швајцарски франци, машки рачни часовници и златен накит.
Од МВР информираат дека полицијата презема мерки за пронаоѓање на крадецот.