
На холандските граѓани во Истанбул им е советувано да ја избегнуваат областа околу холандскиот конзулат, соопшти холандското МНР.
Конзулатот на Холандија во Истанбул денеска е евакуиран и привремено затворен поради можна терористичка закана, соопшти холандското МНР.
На холандските граѓани во Истанбул им е советувано да ја одбегнуваат областа околу холандскиот конзулат – се вели во соопштението. Детали за можните закани не се познати, наведуваат западните медиуми.