
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави денеска дека Европа нема друг партнер освен Турција кога е во прашање безбедноста и повтори барање за воспоставување безбедносна зона во Сирија.
– Безбедна Европа почнува со Турција, а за безбедноста на Турција императив е безбедносна зона во Сирија, изјави Давутоглу пред членовите на владејачката Партија на правдата и развојот во Анкара.
Давутоглу го нагласи тоа откако вчера во Брисел беа извршени напади во кои загинаа 31 човек и најмалку 260 се ранети.