
Должник нападнал канцеларија на извршител вчера.
Како што информира МВР, вчера околу 13.10 часот во ЕИК-Скопје, С.Ј. пријавила дека на ул. „Максим Горки“, во канцеларија на извршителката А.Е. дошол должникот Ж.Ж.А. од Скопје и физички ги нападнал вработените во канцеларијата по што избегал од местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.