Истрагата потврди: Напаѓачите од Брисел учествувале и во нападите во Париз

Ванлуи информира дека двете бомби на аеродромот експлодирале една по друга во интервал од само неколку секунди во 7.58 часот наутро во близина на десковите за пријавување во главната хала за поаѓања. Ибрахим Ел Бакрауи бил идентификуван според отпечатоците на прстите.

teroristi-brisel

Сепак другите двајца од тројцата мажи снимени на безбедносните камери како туркаат колички со багаж сеуште не се идентификувани. Еден од тие мажи е и вториот бомбаш самоубиец, а третиот се смета дека избегал, а зад себе оставил куфер со големо количество експлозив.

Белгиските медиуми нагаѓаат дека третиот напаѓач е Наџим Лашруи, но информациите за неговото апсење подоцна беа повлечени.

Таксист ги даде клучните информации за истрагата

Одговорноста за нападите ја презема терористичката организација Исламска Држава. По објавувањето на снимките од безбедносните камери од тројцата осомничени, во полицијата се јавил такси возач кој ги препознал лицата и рекол дека ги земал од станбена зграда и ги возел до аеродромот, информира Ванлиу додавајќи дека полицијата направила претрес во зграда во бриселската населба Сарбек каде открила 15 килограми експлозив, детонатори и куфер полн со клинци и штрафови.

Серијата други претреси во истата услица довеле до едно апсење, како што рече обвинителот, а било откриен и лап топ каде била најдена изјава од Ибрахим Ел Бакруи каде напишал дека напишал оти е „вознемирен, незнае што да прави, се чувствува како постојано да го прогонуваат, дека не е безбеден, и ако така продолжи, ќе заврши во ќелија“.

Браќата Ел Бакруи и Лашруи учествувале и во нападите во Париз

Ванлуи додаде дека браќата Ел Бакруи, кои што се белгиски државјани, имаат долги криминални досиеја, но дека досега не биле поврзувани со тероризам. По нападите во Париз во ноември минатата година, се појавиле информации дека се дел од истата терористичка ќелија.

paris-2

За еден од браќата се знае дека изнајмил стан во југо-западен Брисел, којшто минатиот вторник беше претресен од страна на полицијата, а три дена подоцна доведе и до апсењето на Салах Абдеслам, единствениот преживеан од 10-те исламски напаѓачи и бомбаши самоубијци кои што извршија напад за време на концертот во салата Батаклан, стадионот Стад де Франс како и во повеќе кафулиња и ресторани низ Париз.

Еден од браќата Ел Бакруи се смета дека го изнајмил и станот во Шарлерој во Белгија каде двајцата напаѓачи од Париз, „мозокот“ на нападите Абделхамид Абуд и Билал Хидсафи (кој се разнесе кај Стад де Франс) се сретнале пред крвавите напади на француската престолонина.

Се смета дека еден од браќата исто така ги обезбедил муницијата и оружјето за париските напади.

Лашруи, 24 исто така се смета дека бил вклучен во нападите во Париз. Тој наводно патувал во Сирија во 2013-тата и претходно бил идентификуван според неговиот лажен идентитет Суфијан Кајал. Патувал заедно со Абдеслам во септември 2015-тата кога нивниот автомобил бил сопрен на австро-унгарската граница. Во автомобилот исто така бил и Мохамед Белкаид, кој беше застрелан од страна на полицијата за време на апсењето на Абдеслам.

ДНК траги од Лашруи исто така биле пронајдени и во друг стан користен од страна на напаѓачите од Париз во Овеле, во близина на централниот белгиски град Намур, како и во друго „наводно“ скривалиште во Сарбег. Според дел од медиумите, тој наверојатно ги изработил експлозивите за нападите во Париз.

Лашруи беше идентификуван како клучен осомничен за нападите во Париз еден ден пред нападите во Брисел.