
Изненадете ги вашите најблиски и подгответе го овој навистина едноставен и вкусенколач со вишна и ореви.
Потребни состојки:
-250 г маргарин
-250 г шеќер во прав
-5 јајца, зејтин
-5 лажици брашно
-рендана кора од 1 лимон
-300 г вишни
-150 г мелени кекси
-малку цимет
За подготовка на крем филот потребни ви се 5 јајца, 5 лажици шеќер и 5 лажици мелени ореви.
Начин на подготовка:
Кора:
Изматете ги марегаринот и шеќерот во прав со жолчките. Додадете 5 лажици брашно и кората од лимон и мешајте додека не добиете воедначена смеса. Белките изматете ги во цврст снег и помешајте ги со претходната смеса. Вишните извалкајте ги во мешавина од мелени кекси и цимет.
Намрсете ја тепсијата з апечење и поросете ја со брашно, па ставете ја смесата да се пече на 180 степени. Кога е наполу печена, извадете ја и ставете ги вишните, па вратете ја назад во рерната да се допече.
Крем:
Изматете посебно жолчки со шеќер, додадете ги мелените ореви и снег од белки, и полека измешајте.
Приготвениот крем, пред крај на печењето нанесете го врз кората и продолжете да печете додека не се зарумени.
Печениот колач оставете го да се излади, поросете со шеќер во прав и исечете го на помали коцки.