
Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска треба да одлучува за предлогот за продолжување на кризната состојба на подрачјата на јужната и на северната граница на Македонија поради мигрантската криза до 31 декември годинава.
Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање мигранти низ територијата на Република Македонија Владата ја достави врз основа на Предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.
Целта е да се обезбеди континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на Армијата на Република Македонија и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.
Изготвен е Извештај за направена процена и сеопфатна анализа со образложение за продолжување на времетраењето на кризната состојба и Извештајот за изработен како придружни материјали кон Предлог-одлуката,
Првата одлука Владата на Република Македонија за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонијана беше донесена во август лани, со важност од 30 дена, по што следеше продлжување на рокот.