
Преку привлекувањето на странските инвестиции и поддршката кон домашниот приватен сектор на ниво на држава се отворија над 150.000 нови работни места, од кои над 7.000 се само во тетовскиот регион.
За ова денес говореше заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денес е во посета на Тетово и неколку околни населени места.
При посетата на средбите со граѓани Ристовски посочи дека во овој регион се реализирани голем број на проекти во образованието, инфраструктурата и во останатите области, додајавќи дека особено внимание е посветено на отворањето на нови работни места.
Во изминатиов период, покрај инфраструктурните проекти и реформи во сите области, особено бевме насочени кон креирање на нови работни места. Преку привлекувањето на странските инвестиции и поддршката кон домашниот приватен сектор на ниво на држава се отворија над 150.000 нови работни места, од кои над 7.000 се само во тетовскиот регион, истакна Ристовски.
Тој потенцираше дека и во периодот кој следи зголемувањето на вработеноста ќе биде еден од клучните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што економската стабилност и независност е најважното прашање и го тангира секој еден граѓанин.
Заменик министерот имаше средба и со неколку здруженија на граѓани при што беа истакнати предлози и идеи кои што можат да бидат составен дел од новата програма на ВМРО-ДПМНЕ која што е во фаза на подготовка.