
Во Македонија кончено профункционира концептот на сурогат мајчинство и јас сум среќен што тоа е така, рече министерот Тодоров, во гостувањето на ТВ Нова.
-Ние имаме два пара, кои што не можеле да имаат деца и кои сега ќе можат да добијат дете од сурогат мајка. Договорите се во завршна фаза и очекуваме потоа да започне процедурата на биомедицинско оплодување, појасни Тодоров, кој денеска е во посета на Македонска Каменица.
Со ова Македонија станува една од земјите, каде граѓаните ќе можат да добијат дете преку сурогат мајчинство.