
Белгиските власти идентификуваа уште едно лице за кое се верува дека било вклучено во нападите во Брисел, јавуваат белгиските медиуми.
Станува збор за Сириецот, Наим Ел Хамед. Овој 28-годишен маж е на безбедносните листи во другите европски земји заедно со Мохамед Абрини, Наџим Лашаруи и Халид Ел Бакрауи.
Властите го опишуваат човекот како мошне опасен и вооружен. Тој е роден на 1-ви јануари 1988 година во Хамас (Сирија).
Дел од белгиските медиуми пишуваат дека Ел Хамед исто така бил вклучен и во нападите во Париз.