
Експлозија одекна во бриселскиот кварт Шарбек. Во тој дел од градот е во тек антитерористичка полициска акција.
На местото на експлозијата има голем број припадници на специјалната полиција, оклопни возила и воени камиони.
„Либр белжик“ јавува дека едно лице во оваа операција е „неутрализирано“. Квартот е блокиран. Заега други детали нема.
Полицијата претходно во овој кварт уапси неколку лица кои се осомничени дека учетвувале во неодамнешните напади во Брисел.
Во терористичките напади на аеродромот и метрото во Бриел во вторникот загинаа 31 лице, а над 300 беа повредени. По нападите белгиската полиција спроведе бројни рации, а медиумите и оваа операција ја доведуваат во врска со неодамнешните напади.
VIDEO: #Brussels police 'neutralize' suspect in anti-terror op at #Schaerbeek district https://t.co/vyiGoNfIqI pic.twitter.com/uvhB1z8Pz5
— RT (@RT_com) March 25, 2016