
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди. Во југозападните подрачја ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а на планините само снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет, а дневната од пет до 12 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно и посвежо со подолги сончеви периоди и со умерен повремено засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до 10 степени.