
Координаторот на Транзитниот центар Табановце, Горан Стојановски, денеска соопшти дека 237 мигранти од Сирија и Ирак, кои повеќе од три недели се наоѓаа на граничната линија помеѓу Македонија и Србија, вчера се префрлиле во Транзитниот центар.
Од нив, 42-ца изразиле желба да заминат во Тразнитниот центар Винојуг, така што, посочи тој, оваа група со воз се префрлени кон Гевгелија, а оние кои останале во Транзиниот Центар Табановце се сместени во монтажни објекти и шатори.
Во центарот на Табановце остануваат 1038 мигранти, информира раководителот Стојановски.