
Хеликоптер на иранската служба за вонредни состојби се урна денеска на југот на Иран и притоа загинаа сите девет лица, кои биле во него.
Портпаролот на Црвената полумесечина Мостафа Мортазави рече дека загинале пациент и придружба од двајца лекари и пет членови на екипажот.
Хеликоптерот се урнал околу 30 километри јужно од градот Шираз.
Претставници не ја наведоа причината за несреќата, но според некои извештаи, леталото закачило далекувод.