
Петнаесет нови детски песни ќе понуди 13. издание на Детскиот фестивал „Поточиња“ што ќе се одржи викендов во Македонската опера и балет.
Организаторот на фестивалот „Пеп продукција“ најавува дека сцената на МОБ ќе блесне во волшебен сјај подготвена за детска забава.
Термините за претставите се 11, 13 и 19 часот во текот на двата дена.
Водител на фестивалот во маската на нотата „Поки“ ќе биде актерот Мартин Јордановски.