
Тетовец ја пронашол својата дванаеетгодишна ќерка мртва во тоалетот од семејната куќа.
Откако пристигнал во домот, таткото насилно ја отворил вратата од купатилото бидејќи немало одговор и ја забележал сега починатата легната на подот без знаци на живот. Смрт е констатирана од доктор по судска медицина.
Од извршен надворешен преглед над телото на починатата констатирана е една повреда во вид на оток во задниот дел од главата.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Тетово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено на обдукција.