
Славната британска пејачка Адел планира да земе петгодишна пауза од музиката за да се посвети на љубовта и на своето ново момче.
Адел својот актуелен албум „25“ го промовираше ширум светот во рамки на актуелната турнеја и одржа дури 105 концерти ширум Европа и Северна Америка.
Пејачката, откако ќе ја заврши турнејата, го испланира одморот од музичката сцена, настапи и албумот, што најверојатно ќе трае пет години, пишува „Дејли мејл“.