
Европа се соочува во итна ситуација да ги спречи новите напади на екстремистите по оние во Брисел, кога во напади на бомбаши самоубијци на Исламска држава загинаа 31 лице, а 340 се ранети, изјави американскиот државен секретар Џон Кери.
– Мислам дека сите сме загрижени, бидејќи во изминатите неколку години странски борци се враќаат од Сирија и други места и се стопуваат во заедниците, рече Кери во емисијата „Face the nation“, на Си-Би-Ес.
Кери истакна дека најновите напади покажуваат дека џихадистите се и натаму сериозна закана и надвор од земјите, зафатени со војна.
– САД бараат дополнителни проверки и веќе некое време соработуваат со белгиските власти, обидувајќи се да ги пополнат празнините, за кои сме свесни дека постојат, рече Кери.