
Ситуацијата на македонско- грчката граница е стабилна и мирна.
Мигрантите кои се уште се наоѓаат во кампот на грчка територија, вчера се обидуваа во неколку наврати да се доближат до местото низ кое минуваа на македонска територија.
Во тоа биле спречени од грчките полицајци кои се присутни во поголем број и не им дозволуваат на бегалците да се доближат до граничната ограда, која се чува од македонската полиција и војска.
Истовремено продолжуваат активностите на грчките власти за евакуација на бегалците од кампот во Идомени.