Скопјанец бил нападнат, претепан и ограбен од непознати сторители.
Околу 23.00 часот во саботата во Скопје, на ул. „Нов Живот“ три непознати лица извршиле разбојништво над Е.Р. (29) од Скопје.
Сторителите го удирале по главата и телото и откако го собориле на земја му одзеле 200 евра, по што го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.