
Компанијата „Иџиптер“ јавува дека со напаѓачот на киднапираниот авион било договорено да ги ослободи сите патници освен петмина странци и членови на екипажот, пренесува „Раша Тудеј“.
Според кипарските медиуми досега биле ослободени помеѓу 30 и 40 патници.
Авионот на компанијата „Иџиптер“ кој беше киднапиран на летот од Александрија за Каиро бил нападнат од бомбаш-самоубиец.
Пилотот на авионот Омар Џамал им јавил на властите дека напаѓачот носи појас со експлозив. Се верува дека напаѓачот во авионот е вооружен со експлозивен појас и бара полицијата да остане настрана од леталото, јавува кипарското државно радио.
Истиот извор наведува дека киднаперот наводно им дозволил на жените и на децата да го напуштат авионот.
Инаку, по слетувањето на авионот во 8.51 часот, како што јавува „Раша Тудеј“, аеродромот во Ларнака е затворен, а екипи на итната помош се испратени на местото.