
Овој хард диск на барање на СЈО е доставен до Катица Јанева и практично Катица Јанева има пристап до целиот софтвер и податоци кои биле содржани во системот на УБК. Со оваа информација практично и не постојат дилеми дека Комисијата уништила само стар и неупотреблив хардвер, односно директно се демантираат сите инсинуации за каква било поврзаност со уништување некакви докази, пишува порталот.