Подготовка:
- Во поголем сад ставете вода, додадете една кесичка сода бикарбона и промешајте. Потоа ставете го лимонот за да ги отсраните пестицидите од кората. По десетина минути измијте го лимонот, отстранете ги врвовите па исечете го на покрупни делови за поситно да се исечка. Парчињата лимон можете да ги исечкате со машина за сечкање храна или со машпина за мелење месо. Истинетиот лимон ставете го во голем пластичен сад.
- Исчистете еден килограм моркови и изрендајте ги, па додадете ги на лимонот.
- Исчистете го цвеклото и изрендајте го, па додадете го во морковот и лимоните.
- Измешајте ги сите состојки, па додадете 5 литри вода. Додадете 5 кесички лимонтус, промешајте, прекријте со крпа и оставете да отстои 24 часа.
- По 24 часа процедете го сокот. Содржината од цедилката процедете ја низ газа, па течноста додадете ја во процедениот сок. Целиот сок ставете го во пластичен сад и додадете шеќер. Промешајте за шеќерот да се стопи или оставете да се отстои уште неколку часа со повремено мешање.
- Сирупот од цвекло ставете го во стаклени шишиња.
Напомена: Овој сок од цвекло може да се направи и без шеќер и да се заслади со мед по желба.