Три правила кои треба да ги почитувате ако сакате да ослабете

Најдобриот начин да влијаете на своето здравје, но и на линијата е здравиот појадок, бидејќи на организмот ќе му ја пружите потребната енергија за да го започне денот на вистинскиот начин, а итовремено ќе го забрзате својот метаболизам и така ќе го избегнете таложењето на несаканите килограми.

Сепак, важно е да се напомене дека да се појадува не значи исто со тоа да имате здрав појадок.

Всушност, лошиот избор на намирници може негативно да влијае на вашите напори да го загубите вишокот килограми.

Затоа, ви подготвивме најважни правила за здрав појадок кој ќе биде совршен сојузник на вашето тело.

Наутро веднаш „фрлете“ се на појадок

Истражувањата покажаа дека појадокот го забрзува нашиот метаболизам, па затоа, многу е важно да јадеме во текот на првиот час откако ќе се разбудиме, со цел да го искористиме потенцијалот на телото да ги согори маснотиите. И не само тоа, ако веднаш по станувањето појадуваме, во текот на денот нема да почуствуваме глад и ќе правиме поздрави избори кога ќе дојде време за ручек и вечера.

Никако не заборавајте на протеините

Појадок богат со протеини – нека вашиот избор бидат јајца или јогурт – тие му помагаат на организмот да е избори со налетот на глад. На овој начин же јадете помалку и со текот на времето ќе го загубите вишокот килограми. Едно истражување покажало дека девојките кои за појадок јадат јајца во просек губеле двојно повеќе килограми од оние кои денот го започнуваат со пециво.

Протеинот во јајцата ни дава подолго чувство на ситост и ја намалува гладта. Воедно ни помага во текот на денот да конзумираме помалку калории, бидејќи побавно е варат.

Изедете банана

Појадокот богат со отпорен скроб ни помага да согориме повеќе калории, бидејќи го активира нашето тело да ги користи мастите за да ни пружи енергија. Овој скроб може да се најде во бананите, но и во овесните снегулки.