
Пораст од 7,9 проценти е забележан во секторот Рударство и вадење камен и од 19 проценти во секторот Преработувачка индустрија, додека пад од 10,5 проценти има во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Енергија за 0,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,6 отсто, Капитални производи за 54,4 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто. Опаѓање се бележи кај Трајните производи за широка потрошувачка за 18 проценти.
Во периодот јануари – февруари индустриското производство е зголемено за 11,7 проценти во однос на истиот период минатата година.