
Верушевски е на слобода, а луѓето кои го открија неговиот криминал се кривично гонети, а еден е и во притвор.
Откако ја доби функцијата, Јанева веднаш ја исполни својата цел и нејзиното прво сработено нешто е барањето Верушевски да излезе на слобода. Секако, притворот на човекот кој се тoвари за тешки дела беше укинат, па соработникот на Зоран Заев е сега на слобода. Укинат беше и притворот на Ѓорги Лазаревски.
Откако Верушевски излезе од притвор, неговата сопруга за ова јавно му се заблагодари на лидерот на СДСМ.
Дека СДСМ го најавува она што СЈО го одработува веќе е јасно за сите. Така, Зоран Заев на средба со граѓани во Капиштец најави дека СЈО ќе почне акција и ќе испорача наредби за истраги. Како што тој диригираше, така Јанева реагираше. Со експресна брзина таа ја најави првата акција.
Заев најави и притвори, а тоа и се случи.
Последниот случај на СЈО е конструиран и целосно неоснован. Токму соработниците на Верушевски од УБК, поточно осудениот за „Пуч“ Звонко Костовски, уште во 2013-та година дал мислење дека опремата е неупотреблива и некомпитабилна со новата технологија на мобилните оператори. Уште истата година согласно книговодствената евиденција, таа има вредност од 1 денар. Во 2014-та година таа опрема е целосно вон функција и сместена во магацин по вадење од системот.
Минатата година, пак, формирана е комисија за да процени дали опремата е функционална и употреблива. Донесена е одлука дека опремата ниту се употребува, ниту ќе се употреби.пишува „Курир“.