Нападнато 18-годишно момче во Скопје

Две непознати лица вчера во 21:20 часот во Скопје, на улицата „Босна и Херцеговина“, физички го нападнале Д.С. (18), удирајќи го со гумен предмет во пределот на главата.

Родителот го однел Д.С. во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.