Тешка кражба се случила во стан во Прилеп.
Во полициската станица во Прилеп вчера било пријавено дека била извршена тешка кражба во станот на Г.Р.(42).
Сторителот насилно влегол и одзел еден пиштол по што го напуштил местото на настанот.
Од МВР информираат дека преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.