
Брускетите можете да ги послужите за вечера или за појадок, а идеални се и кога ќе ви дојдат ненадејни гости.
Состојки:
Парчиња леб по желба
Путер
Листови кашкавал или некое сирење по желба
Кругчиња домат
Зачини (оригано, лук во прав, магданос, бибер…)
Подготовка:
Парчињата леб премачкајте ги со путер, врз нив наредете листови сирење или кашкавал, врз нив парчиња домат, па сето тоа зачинете го по ваш вкус.
Ставете ги парчињата во плех и печете во загреана рерна на 18 степени околу 5 минути.
Во видеото погледнете ја деталната подготовка на брускетите: