
Премиерот задолжен за спроведување на избрите Емил Димитриев денес присуствуваше на отворањето на европското првенство во Кендо вештини кое се одржува во Скопје.
На Европското првенство најавено е учество на 485 натпреварувачи од 37 држави, поделени во машка и женска конкуренција. Македонија ќе има свои претставници во двете конкуренции.
На свеченото отворање присуствуваа претседателот на Европската кендо федерација, Алан Докарме и Златко Кексовски, претседател на Македонската кендо и иаидо федерација. Први на борилиштата излегуваат жените.
Од таборот на нашата репрезентација велат дека нашите натпреварувачи се подготвени и добро се чувствуваат и дека нема повреди.
Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.
Кендо претставува јапонска боречка вештина на мечување со долг меч, наречен шинаи, кој ја заменува вистинската катана во борбите со противник. При вежбање и натпревари се користи заштитна опрема наречена богу, која се состои од карактеристична заштита за лице, ракавици и заштита за тело.