ФОТО: Новиот воз од денеска ќе сообраќа на редовната линија Скопје-Битола

Како што ветивме пред граѓаните од денес уште еден стар воз се заменува со нов и тоа трет по ред, пишува министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на својот Фејсбук профил.

Новиот воз ќе сообраќа на релација Скопје – Битола на местото на веќе истрошените стари превозни средства.

nov voz-bitola1

Во наредниот период граѓаните ќе можат да уживаат во благодетите на уште еден таков воз четврт по ред кој веќе пристигна во Репулика Македонија, а останатите два се очекуваат до крајот на месец мај со што 60% од возниот парк на Македонски Железници Транспорт АД ќе биде обновен.

Со оваа инвестиција од 25 милиони евра целосно се променува сликата на патничкиот железнички превоз, која сега може да се каже дека е на ниво на најразвиените евопски земји.