Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Бик

Љубов

Во последните денови од првата седмица на април, Венера вашата владетелка ќе премине во знакот на Овен каде има неповолно достоинство, а владетелот на полето на љубовта Меркур, ќе премине во вашиот знак. Да не се лажеме, нема да има некои спектакуларни љубовни приказни во овој период, но постојано ќе бидете во движење и ќе бидете жедни за забава. Ќе има доста прилики преку пријателите за време на некое излегување да запознаете нови и занимливи луѓе, иако ситуациите ќе се вртат само околу незадолжителното, занимливото, инспиративното. Може тука да се отворат и некои интересни приказни во смисла на повремени, можеби дури и тајни средби, незадолжителни односи… Страстите ќе горат… Во вториот дел од месецот можни се контакти со поранешните емотивни партнери и краткотрајно на некој однос, но не би требало да сметате на трајноста на сето тоа. Сепак, неможе да се каже дека ова нема да биде период кога ќе ви биде лудо и незаборавно, а за трајноста и стабилноста на односите ќе размислувате кога ќе дојде време за тоа… Ако сте во подолга емотивна врска или во брак, ќе бидете помалку склони на флерт, а партнерот и нема да биде во елемент. Но, некои големи несогласувања помеѓу вас неможат да се видат, а она што е исто така очигледно е и можноста за принова, но и за разговори за некои сериозни прашања врзани за иднината на вашиот однос.

Работа

Првата половина од месецот е нешто подобра за вас, затоа што тогаш полесно ќе доаѓате до договор со соработниците, дури и до основање на нови бизнис проекти. Она што во овој период би можело да ви пречи е вашата лична импулсивност и нетрпеливост, која, наместо да ги поправи, би можела да наштети на некои ваши односи. Затоа бидете мирни и трпеливи – немојте да брзате затоа што она што вреди неможете да го добиете преку ноќ. Вториот дел од месецот е покомлициран во смисла на тоа што некои договори би можеле буквално во последен миг да ви се лизнат од раце. Владетелот на полето на кариерата и плановите, Сатурн веќе патува ретроградно, а сега ќе му се придружи и владетелот на полето на сериозни бизнис партнерства. Затоа во периодот до крајот на месецот ќе донесе проблеми и неодлучност за многу прашања. Финансиската ситуација покрај сето ова би требала да биде мошне добра, а биковите имаат шанса да заработат солидни суми пари на брзина и со малку ризици, пто сега би требало да се исплати.

Здравје

Во овој период ќе бидете склони на вирусни и бактериски инфекции. Актуелни се проблемите со респираторниот тракт, а кај поединци можни се и посилни главоболки како последица на варирањето на крвниот притисок. Оние што имаат проблеми со анксиозноста и повремените падови во депресија би требало да поминуваат повеќе време во природа и да се опуштаат.

Близнаци (повеќе на следната страница)