Голем месечен хороскоп: Еве што ве очекува во април

Близнаци

Љубов

Партнерските односи, односно емотивните врски и брачните заедници и понатаму се во проблематичен период. Во вашето поле на бракот Сатурн и Марс се ретроградни и ја извлекуваат на површина целата проблематика од претходниот период што толку успешно го туркавте под килим. Владетелот на вашиот знак исто така ретроградно ќе тргне да се движи во последната декада од месецот, па и оние слаби подобрувања и стабилизација што сте успеале да ги постигнете до тој период повторно ќе се најдат на испит. Немојте да ги земате здраво за готово ниту вашиот однос, ниту замерките од партнерот. Обидете се со разговори да досдете до суштината на проблематиката и да најдете компромисно решение. Нема да биде лесно, но сигурно можете да ги унапредите вашите врски и да ги одржите. Не заборавајте дека промените се неопходни за вашата врска да се развива. Доколку сте слободни владетелката на вашето поле на љубовта Венера влегува во знакот Овен и во башето поле на пријателствата. Ќе можете да запознаете интересни личности преку излегувања и контакти со друштвото, дури и преку интернет и социјалните мрежи. Сепак, помалку импулсивните аспекти не даваат некоја особена предиспозиција за трајност на овие односи затоа што ве влечат на незадолжителна забава. Но, од некое од овие познанства во текот на наредните месеци би можела да се развие сериозна љубовна приказна. Засега уживајте и опуштете се.

Работа

Пред вас е еден променлив работен месец и дури на неговиот крај кога ќе ги сумирате неговите резултати ќе сватите дека не сте поминале мошне лошо. Често во текот на април нема да бидете во можност да почнете со она што ви е важно на бизнис план, а бидете сигурни дека трудот што ќе го вложувате ќе биде мошне голем. Поради ретроградните планети на полето на сериозните бизнис партнерства, а исто така и поради ретроградното движење на владетелот на вашиот знак во вториот дел од месецот, секако морате да обрнете внимание на тоа какви договори склопувате, за да не ви се протнат некои ситници што подоцна би можеле да ви направат поголем проблем. Близнаците што имаат приватен бизнис секако би морале да обрнат внимание на финансискиот сегмент и на наплатата на побарувањата, што ќе биде променливо во текот на целиот месец. Генерално – финансиските прилики нема да бидат лоши, но тешко дека ќе може да се опуштите.

Здравје

Ем владетелот на полето што владее со здравјето се движи ретроградно во вториот дел од април, ем владетелот на вашето здравје е во ретроградно движење. Дефинитивно ова означува енергетски пад и пад на имунитетот а дава можности и во поголема мерка да му се посветите на здравјето што во последно време сте го занемарувале.

Рак (повеќе на следната страница)