Од денеска намалени цените на дел од лековите

Новите намалени цени на 165 лекови од денеска стапуваат на сила. Ова е деветто по ред намалување на цените на лековите согласно методологијата на министерството за здравство и агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија.

Малопродажната цена на лекот панцеф се намалува за 38,10 проценти односно од 1.229 денари на 761 денар.

Намалени се и цените на рамиприл за 50 отсто и на валсартан за 40 отсто, лекови за третман на висок крвен притисок кои пациентите ги земаат во аптеките.

Намалување на цената за 15 отсто има и кај хиконцил, а со пониски цени ке бидат и лекови кои се користат за третман на депресија.

Со ова деветто по ред намалување на цените на лековите од 2012 година, досега, се опфатени над 4.800 лека.