Не очекува сончев и топол ден

Времето денеска сончево со мала до умерена облачност и многу топло за овој период од годината.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 5 до 9 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 20 до 29 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 27 степени.

Под влијание на стабилна и топла воздушна маса од југ во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и многу топло време за овој период од годината. Благ пад на температурата ќе има само во недела.