Клучните сектори од преработувачкат индустрија отвораат најмногу работни места, најмногу како резултат на влезот на странските инвестиции и домашните вложувања.
Намалување на стапката на невработеност
Станува збор за синергија, вкрстено делување на повеќе фактори. И домашните инвестиции, но и странските имаат влијание врз економската активност, но и врз отворањето на нови работни места. Од една страна имаме обемни градежни активности на инфраструктурата во повеќе области, а тоа има влијание на побараувачката на работна сила. Од друга страна имаме странски инвестиции кои вложувајќи во земјава отвораат нови работни места и со стамото тоа економската активност добива една забрзана динамика, а вработувањата овозможуваат подобар животен стандард, објаснува универзитетскиот професор Јован Пејковски.
Овие мерки, покрај тоа што ја намалуваат невработеноста, влијаат и врз економските текови. Според професорот Пејковски, позитивните трендови ќе продолжат и оваа година.
Може да се очекуваат промени во економијата, но трендот е позитивен. Тоа значи дека динамиката која е воспоставена во растот на БДП и на индустриското производство и намалувањето на невработеноста, се позитивни движења, кои ако продолжи макроекономската политика и ако се исклучат екстерните влијанија, кои секако се можни, нормално и со стабилизиацијата на домашните внатрешно политички прашања, може да се очекува дека овие трендови би продолжиле и понамау во 2016-та година, вели Пејковски.